Респираторните инфекции во овој период од годината се во полн ек. Освен зголемена телесна температура, течење на носот и болки во мускулите, проследени се и со кашлица.
И додека сите други симптоми исчезнуваат за десетина дена, кашлицата може да трае и повеќе од еден месец откако ќе се прележи настинката.

Кашлицата мора да се набљудува како одбранбен механизам на респираторниот тракт.

Сепак, пациентот треба да се јави на преглед кај пулмолог ако кашлицата трае подолго од еден месец, без разлика дали е сува или продуктивна.

Кашлицата во акутен бронхитис најчесто трае седум до 10 денови, но кај една четвртина пациенти може да биде присутна и подолго.

Употребата на антибиотци кај акутен бронхитис најчесто нема никаква корист, но тие често се препишуваат токму при вакви состојби.

Пациентите што се пушачи може подолго време да ги мачи кашлицата по настинката, отколку непушачите.

Кај пациенти постари од 65 години секоја настинка, па и кашлицата може да доведат до сериозни компликации.  За да се спречат поголеми компликации најдобра превенција е вакцинација против грип и воспаление на белите дробови.

Тоа е многу важна превенција за тие што боледуваат од астма и хронични опструктивни болести на белите дробови, но и други хронични болести.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.