Дете родено 2010 година починало рано наутро од компликации од ковид-19 во Клиниката за инфективни болести д-р Фран Михалевиќ во Загреб, пишува хрватскиот весник „Јутарњи лист“.
Според информациите од болницата, детето немало претходно потврдени болести и дека било позитивно на ковид-19.
Со обдукцијата ќе се утврди точната причина за смртта, но според информациите со кои располагаме во моментов, детето завчера добило висока температура, имало болки во грлото, главоболки и малаксаност, што е вообичаена крвна слика. За жал, во 5.20 утринава е прогласена смрт, изјави проф. д-р Горан Тешовиќ за „Јутарњи лист“.
Тој напоменува дека вакви исходи се многу ретки, но, за жал, може да се случат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.