Продолжува намалувањето на бројот на заразени и хоспитализарани од Ковид-19, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 21 до 27 март.

Тестирани се вкупно 16.074 материјали, а регистрирани сe 1.696 нови позитивни случаи, што е за 7,5% помалку во однос на претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 4,0% до 14,3%, просечно 10,1%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (60,8%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена се лица над 60 години, а најмал бројот кај возрасната група од 0-9 години.

Со статус „оздравени“ се стекнале 1.738 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 1,7% помалку во споредба со претходната недела. Пријавени се 268 реинфекции, со намалување од 13,3%.

Евидентирани се 17 смртни случаи, за 13,3% повеќе во однос на претходната недела (n=15). Најголем дел од нив се од Скопје (8). Во однос на возраста, 16 починати се над 60 години, а еден од возрасната група од 50-59 години.

Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ, во текот на изминатата недела, е изведен PCR тестот базиран на Single Nucleotide polymorphism со користење на Vir SNiP SARS CoV 2 Spike S371L S373P зÐ ° детекција на SARS CoV-2 кај 95 позитивни примероци на SARS-CoV-2 од болнички и примероци од пунктовите.

Во 5 (5,3%) од испитуваните примероци е докажана BA.1 сублинијата на Омикрон. Во 90 (94,7%) од испитуваните примероци е докажана BA.2 сублинијата на Омикрон – позната уште и како „stealth“.

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 82 лица (24,8% помалку во споредба со претходна недела), од нив 33 се на кислородна поддршка, а еден на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Заклучно со 24 март, вакцинирани се вкупно 872.652 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се 852.855, а со трета доза 152.109 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.