Кога човековото тело е изложено на сонце, по природен пат се создава витамин Д, кој е познат и како сончев витамин. Витаминот Д, заедно со витамините А, Е и К спаѓаат на групата витамини растворливи во масти.

Зошто ни е потребен витаминот Д?

Главната улога на витаминот Д е да му помага на организмот да ги искористи калциумот и фосфорот, минерали кои се од особено значење за здравјето на коските и забите. Покрај тоа, витаминот Д е одговорен да ја контролира потребната количина на калциум која ќе се апсорбира од храната, а е значајно да се вгради во коските.

Денес познато е дека витаминот Д помага во превенција и лекувањето на заболувања како што се:

  • рак на дојката, на простатата и дебелото црево
  • мултиплекс склероза
  • алцхајмеровата болест
  • зголемен крвен притисок
  • алергиски реакции
  • го зајакнува имунолошкиот систем
  • помага во борба против настинката
  • го одржува здравјето на мозокот во постарите години
  • помага во одржувањето на здрава телесна тежина

Храна богата со витамин Д

Сонцето е најважен извор на витамин Д, но покрај треба да се конусмира храна која е богата со овој витамин.

Најдобри извори на храна која е богата со витамин Д се:

  • рибиното масло
  • јајца
  • путер
  • сирење
  • млеко
  • харинга, лосос, сардина и пастрмка
  • шампињони

Недостиг на витамин Д

Недостигот од витамин Д е последица на неправилна исхрана и недоволно изложување на сончева светлина. Тоа доведува до намалена апсорпција на калциум, што резултира со појава на рахитис кај децата, а кај возрасните до остеомалација (омекнување на коските) и остеопороза (намалување на густината на коскените ткива).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.