За подобар имунитет, корисно е да се земаат имунолошки мултивитамини, особено оние кои содржат витамин Д, витамин Ц и цинк. Пробиотиците исто така го јакнат итумитетот.

Витаминот Д станува главен додаток за имунолошкиот систем во последниве години, бидејќи сѐ повеќе истражувања го покажуваат неговото влијание врз одбраната од болести. Затоа е препорачливо колку е што можно повеќе време да поминуваме на сонце, но и да се јаде храна и да се пијат течности богати со витамин Д, како риба, печурки, јајца, житарки, млеко и сок од портокал.

Според истражувањата од 2021 година, 70 до 80 проценти од имуните клетки се наоѓаат во цревата. Пробиотиците се исклучително важни за правилна функција на цревата, па затоа е здраво да се јаде храна и да се пијат течности со пробиотик: јогурт, кисела зелка, месо.

Цинкот, кој го штити организмот од бактерии и вируси, може да го има најмногу во јајцата и во гравот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.