Денес на Анкетната комисија за онкологија во Собранието прашање до актуелниот министер Меџити постави пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска кој што праша дали постои во други држави и како го оправдува министерот постоењето на сегментиран систем за обезбедување и плаќање лекови за пациентите во јавни здравствени установи, дали се почитува ЕУ директивата за транспарентност 89/105, и дали владата и министерството немаат капацитет за справување со проблемите во здравството или тоа сепак на некому лично му одговара.
„Од политички аспект ќе сублимирам две три прашања, ако можете да ми ги одговорите, дали постои во други држави и како го оправдувате постоењето на сегментиран систем за обезбедување и плаќање лекови за пациентите во јавни здравствени установи како што е тоа во нашата држава и ден денес со паралелни системи за обезбедување на лекови? Дали сте размислувале за соединување на сите тие процеси во еден процес? Позитивна листа како што е во другите земји и како што препорачува ЕУ директивата за транспарентност 89/105“ праша Василевска.
„Имаме сознанија дека исти лица и се вклучени како членови во повеќе работни тела, комисии за лекови во министерството за здравство, Малмед, во владата, значи се однесува на зголемувањето на цените, позитивна листа тендери, регистрација на лекови итн., дали тоа точно? Дали сметате дека таквата ситуација е конфликтна самата по себе?- тоа е второто прашање на пратеничката Василевска.
Василевска праша и дали владина гарнитура, министерството за здравство и институциите од здравствениот систем немаат доволен капацитет за справување со сите предизвици и проблеми или сепак тоа на некој лично му одговара во фармацевскиот сектор.
„Дали на тој начин ќе потврдите дека оваа владина гарнитура министерството за здравство и институциите од здравствениот систем немаат доволен капацитет за справување со сите предизвици и проблеми поврзани со системски прашања или некому лично му одговара таквата поставеност и нефункционалност во фармацевтски сектор и здравствениот систем. Сметам дека најдобро е да се следи текот на парите. На тој начин ќе ги видите и другите проблематики кои се поврзани со овие прашања и ќе го отворите вртлогот“ нагласи Василевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.