Врз основа на верификувана посебна програма за негувател/ка за помош и нега на стари лица Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација-Дебар распиша конкурс за обука на негувател/ка за помош и нега на стари лица.

Конкурсот е во рамки на проектот „Ублажување на ефектите и последиците од КОВИД-19 врз најранливите во општеството со посебен фокус на постарите луѓе“, поддржан од  Министерство за труд и социјална политика на Австрија и во соработка со австрискиот Црвен крст.

– Отпочнуваме уште една исклучително важна активност. Се повикуваат сите заинтересирани лица од територијата на општина Дебар, кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат, да аплицираат до 10 следниот месец, информираше за МИА, Исни Телќиу, секретар на дебарскиот Црвен крст.

Според него, кандидатите треба да се државјани на РС Македонија, да се постари од 18 години, да имаат општа психо-физичка способност за работа, завршено минимум основно образование, да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица и да по обуката  бидат вклучени како негуватели во сервисот за нега во домашни услови.

Обуката е бесплатна а предност ќе имаат невработени лица и лица од ранливи категории, а можат да се пријават на е-маил: debar@redcross.org.mk и на телефон 071/223-990 или директно во просториите на општинската организација.

Според Телќиу, секој заинтересиран кандидат ќе биде повикан на индивидуално интервју.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.