Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.090 тестови, а регистрирани се 65 нови случаи на ковид-19.

Во Скопје има најмногу новозаразени, вкупно 41, додека во Битола има 9, Во Кавадарци, Охрид, Штип и во Неготино по 2, а во Куманово, Прилеп, Тетово, Велес, Гостивар, Струмица и Струга по 1 новозаразен. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 8 реинфекции, а забележани се и 78 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин регистрирани се 3 починати лица од Скопје (2) и од Охрид (1). Пријавените се на возраст од 63 до 92 години и се починати во период од 24.05 – 07.06.2022. Две лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Досега во Македонија се направени вкупно 2.065.025 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.538, бројот на оздравени пациенти е 302.807, на починати е 9.316, а бројот на активни случаи изнесува 415.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.