Тринаесетмесечното дете од Свети Николе, кое е заразено со вирусот морбили, е во добра здравствена состојба и по поминати пет дена на Инфективното одделение, минатиот петок е пуштено на домашно лекување, со препораки за изолација на целото семејство, изјави за МИА раководител на Инфективното одделение при Клиничка болница – Штип, Дијана Шишкова – Гајдарџиска.
Детето на 13-месечна возраст на Инфективното одделение е примено на 27 март, по конзелијарен преглед на одделението за Педијатрија, каде што престојувало еден ден. Имало покачена температура, појава на осип, изолирано во посебна соба, имало знаци и за друго вирусно заболување. Меѓутоа со проширувањето на осипот, со поставеното сомневање дека се работи, дека е можно некое друго исипно заболување, кое е контигиезно и потреба од инфектолошки преглед и изолација на Инфективното одделение, повикан е инфектолог и после прегледот е префрлено на нашето одделение – појасни Шишкова-Гајдарџиска.
Таа посочи дека детето на одделението е префлено со температура, лекувано е со симптоматска терапија и направени се соодветни испитувања во Штип и во Скопје, кои го потврдиле вирусот на морбили.
Цело време беше со еден добар клинички тек, со пад на температура, со подбрување на општата состојба и после пет дена на одделението го пуштивме дома со даден совет за терапија, изолација и да се јават на контрола оваа недела, додаде Шишкова – Гајдарџиска.
Таа нагласи дека нема опасност за ширење на заразата меѓу здравствениот персонал на Инфективното одделение, бидејќи сите се вакцинирани, а задолжително се носат заштитните маски. Засега не се знае од каде детето се заразило со морбили, но, како што МИА вчера информираше, на ова веќе работат епидемиолозите.
Комисијата за заразни болести во 13 часот во Скопје ќе заседава на оваа тема и за мерките за заштитата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.