Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави два нови смртни случаи од мајмунски сипаници, со што вкупниот број од почетокот на годината се искачи на три и нагласи дека болеста се проширила во нови области.
Според соопштението на СЗО, бројот на случаи на мајмунски сипаници е зголемен за 77 отсто од последниот извештај, на 6.027, а повеќето од нив се регистрирани во европскиот регион, пренесува Ројтерс.
СЗО повторно ќе свика состанок на комитетот кој најверојатно ќе предложи глобалната здравствена состојба да се прогласи за епидемија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.