Анкетата, спроведена во ноември и декември 2021, покажува дека услугите се „сериозно погодени“ и дека е забележан „мал или никаков напредок“ во однос на истражувањето од почетокот на 2021, се наведува во соопштението.
Резултатите од оваа анкета ја истакнуваат важноста од итно дејствување за решавање на големите предизвици на здравствениот систем, опоравувањето на услугите и ублажувањето на влијанието на пандемијата на ковид-19“, порача СЗО.
Услугата на брза помош се влошила во однос на претходната анкета.
Нарушувања во пружањето брза помош пријавиле 36 отсто од земјите, што е пораст во однос на 29 отсто на почетокот на 2021 и 21 отсто во првото истражување во 2020.
Пружањето незадолжителни операции како замена на колк и колено е нарушено во 59 отсто од земјите, а недостатоци во рехабилитациската грижа се забележани во околу половина земји.
Анкетата е спроведена во време на голем пораст на заразените во бројни земји поради позаразната омикрон варијанта на коронавирусот што ги оптовари болниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.