Новите мутации на коронавирусот донесоа и нови симптоми. Ако на почетокот од пандемијата еден од симптомите беше и конјуктивитисот, кој подоцна исчезна, сега докторите предупредуваат дека со омикронот-сојот повторно е вратен како симптом.
Лекарите велат дека честа цел на омикронот е окото.
Конјуктивата е тенка мукозна мембрана која го покрива внатрешниот дел на очните капаци и склерата (белката на окото), а воспалението на конјуктивата се нарекува конјуктивитис, пишува Нова Македонија.
Имав пациентка со конјуктивитис баш на почетокот од јануари. Меѓутоа, таков пациент ми се појави и на крајот од октомври, кога доминтатен беше делта-сојот. Е сега, дали омикронот циркулирал тука и многу порано од што мислевме, не можам да кажам со сигурност. Она што е важно е дека ковид-пациентот мора да се прегледа затоа што тој не може сè да забележи сам. Кога влезе пациентката со конјуктивитис, јас веднаш забележав дека има црвенило на очите. Кога ја прашав дали ја чешаат, ми потврди. Во вакви случаи веднаш се препишува соодветна терапија, за очите најчесто даваме капки. Ковидот навлегува преку респираторните патишта, меѓутоа не знаеме во кои органи може да засегне, кај некои се белите дробови, кај некои бубрезите, има случаи во кои драстично слабее слухот, а кај некои ги напаѓа очите – вели д-р Драган Ѓорѓиевски, специјалист по семејна медицина.
Целиот текст овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.