Со 60 илјади вакцини против сезонски грип ќе бидат опфатени сите возрасни групи кои се таргет на Министерството за здравство, изјави ресорниот министер Беким Сали.
За прв пат по неколку години имаме навремена набавка на вакцини за сезонски грип. Имаме околу 40.000 вакцини што ги набави Министерството за здравство и 20.000 се донации од организацијата ПиВи. Годинава продолжуваме со динамиката од минатата година, со 60 илјади вакцини, ќе бидат опфатени сите возрасни групи кои секоја година се цел на Министерството за здравство. Станува збор за пациенти над 65 години, трудници, деца до шест години, пациенти со хронични заболувања, рече Сали, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје, каде беше пуштен во употреба нов најсовремен ангиографски систем за интервентни радиолошки процедури.
Министерот упати апел граѓаните од овие ранливи категории да почнат со пријавување во системот за закажување вакцинација
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.