Летното сметање на времето почнува вечер, во последниот викенд од месецот март, кога часовниците треба да се поместат еден час нанапред, од два часот по полноќ во три часот. Тоа значи дека ќе спиеме еден час помалку.

Летното сметање на времето е воведено за да имаат луѓето еден час повеќе дневна светлина, но како што се приближува зимата, денот е сè пократок и многу луѓе го започнуваат и завршуваат работниот ден во мрак, со малку можност да поминат време на сончева светлина. Затоа сè почесто се слушаат ставови дека овој систем во денешно време е надминат.

Зимското сметање на времето ни дава час повеќе спиење во утрото, но затоа ни го скратува денот. Сега теоретски, ќе имаме еден час помалку сон, што во пракса значи дека денот ќе ни биде подолг.

Поточно, ако сега самракот е околу шест часот по пладне, за недела дена ќе имаме дневна светлина скоро сè до седум часот вечер.

Иако оваа промена од еден час не изгледа како нешто драматично, сигурно веќе во недела и понеделник ќе осетиме дека не успеваме да ги извршиме сите редовни активности и дека ќе ни недостасува тој еден час, што води до конфузија, но и до дополнителни промени во организмот со појава на главоболка, варијации во крвниот притисок и раздразливост.

Поместувањето на часовникот најмногу влијае на метеоропатите и хроничните болни, но и оние кои баш ништо не им фали ќе ја осетат оваа промена.

Расеаност, поспаност, умор и болка во главата се само некои од тегобите кои ќе влијаат на вашиот организам, кој ќе биде под стрес поради новонастанатата промена.

Како што наведе УМХР, очекуваните биометеролошки услови ќе бидат поволни за повеќето хронично болни. Некоја претпазливост се советуваат лицата кои имаат кардиоваскуларни и психички болести. Метеоропатите може да имаат реакции во вид на нервоза, умор и пад на концентрацијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.