Британските здравствени власти истражуваат нова варијанта на коронавирусот што би требало да има комбинирани карактеристики на варијантите омикрон и делта, објавија британските медиуми.
Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство објави дека ја следи и истражува новата варијанта. Варијантата е откриена во Велика Британија, се вели во извештајот на агенцијата.
Конкретни детали за варијантата се уште не се објавени, а не се знае ниту колку случаи се откриени досега. Новата варијанта, позната и како делтакрон, досега не е идентификувана како причина за загриженост.
Загриженоста за варијантата делтакрон првпат се појави на почетокот на оваа година кога кипарски научник објави дека открил варијанта на делтакрон слична на оваа од Британија. Подоцна беше откриено дека истражувањето е грешно. Британската варијанта не е поврзана со она што било откриено на Кипар.
Омикрон за прв пат беше откриен во ноември 2021 година и брзо се рашири низ светот. Оттогаш, се покажа дека омикрон предизвикува генерално поблага клиничка болест во споредба со делта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.