Четири нови случаи на голема кашлица се забележани во земјата, потврди портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.
Со тоа бројот на заразени од голема кашлица се зголеми на 22 случаја од почетокот на годината.
Комисијата за заразни болести, вчера, на прес-конференција, по одржаниот редовен состанок, предложи прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје.
Претседателот на Комисијата, Александар Петличковски, рече дека, освен деца, има хоспитализирани и возрасни.
Тој препорача забрана за прием на невакцинирани деца против пертусис во градинките и апелира сите што ја пропуштиле вакцинацијата со редовниот календар – да се вакцинираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.