Нема да молчам додека пробуваат да ме убијат- онколошки пациент со парола на протестот пред Влада

Здравје 04.09.2023 / 18:32

Нема да молчам! Тоа е само една од паролите на протестот кој во 18 часот започна на платото пред зградата на Владата каде уште доаѓаат граѓани кои протестираат поради криминалот со лековите за болни од рак поради што е започната истрага од страна на МВР и Јавното обвинителство.

Граѓаните се револтирани и уште повеќе згрозени затоа што некои луѓе од Клиниката за радиологија и онкологија, лекари, медицински персонал и административци, се дрзнаа да ја прекршат лекарската и воопшто, човечката етика и со цел да се збогатат на мака ставија болни од тешки форми на рак да не ја добиваат потребната терапија и животот да им биде загрозен низ големи болки.

„Бруталноста на власта секој ден носи нови жртви, а овој пат жртви се пациентите на Клиниката за онкологија кои со месеци во живото-загрозувачка состојба чекаа лекови, додека лековите завршуваа на црниот пазар во Косово. Се работи за организиран криминал каде се инволвирани највисоки функционери на власта и истиот трае со години“, се велеше во повикот за протестот.

Планирано е од Владата потоа протестот да се пресели пред Министерството за здравство. Граѓани бараат одговорност и оставки, а пред министерството ќе се повика на одговорност и на актуелниот и на претходните министри за здравство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

Најнови вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişJOJOBETjojobet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom canlı casinohttps://casibom-resmi-girisi.com/