Доколку преноќите во хотел, голема е веројатноста дека наутро ќе појадувате на шведска маса. Сепак, микробиологот Џеј Тетро предупреди дека има некои намирници кои е подобро да се избегнуваат во такви ситуации.

Станува збор за кајгана, палачинки и житарки.

Би се држел настрана од џемови, путер од кикирики и мармалад. „Ако таквите намази се отворени и има лажица во нив, постои голема веројатност да се контаминирани бидејќи понекогаш луѓето лошо ги мијат рацете или не ги мијат, а исто така сите јадат со ист прибор“, откри тој.

Тетро избегнува мајонез, лимони и прелив за салата на бифето бидејќи, како што вели, тие се „места за размножување бактерии“.

Како најбезбедни опции ги издвои чадениот лосос, сирењето или свежото овошје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.