На 5,6 и 7 септември (понеделник, вгторник, среда) матичните лекари на работните места ќе искажат револт од неисполнување на неколкумесечните барања. Во овие денови нема да издаваат уашти и да пропишуваат рецепти.

Управниот одбор на Здружението на приватни лекари одлучи да им остави неколку дена на здравствените власти и на премиерот, примарното здравство да биде прва точка на следната владина седница.

Ставот на членството е да се изрази револт поради неисполнување на ниту едно барање, со протест на работните места. Еве, упатуваме апел и до граѓаните, до нашите пациентире, од утре од понеделник да дојдат за добивање на рецепти за хроничната терапија, вели Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на ЗПЛРМ, за Сител.

Матичните лекари бараат зголемување на капитациониот бод. Од Здружението ги прашуваат надлежните дали знаат што ќе се случи кога стотина лекари со наполнети 64 години овој период ќе отидат во пензија и илјадници пациенти ќе останат без матичен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.