Крајно време е Обвинителството да излезе точно со име и со презиме за Онкологија зашто овој костум што го гледате на мене денеска, оваа вратоврска ме задушува, изјави министерот за здравство Фатмир Меџити кој денеска беше во посета на Клиниката на неврологија.
Тој рече дека најубаво се чувствува кога е меѓу лекарите на Неврологија, од каде што дојде на министерската функција и дека има многу емоции.
Да ви кажам дека ми прилега белиот мантил и од првиот ден ви кажав дека не претпочитам да бидам политичар од некоја партија, туку ќе бидам лекар и тоа и ќе останам и заедно со моите колеги и заедно со вас ќе ги подобриме работите“, рече министерот по посетата на обновените амбуланти на Клиниката за неврологија.
Минатата недела заврши сослушувањето на сведоците што го правеше анкетната комисија за скандалот на Онкологија во Собранието.
Јавниот обвинител Љубомир Јовески кажа дека предметот се води темелно и стручно, но не откри други детали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.