Една од можните последици на ковид-19 е нарушување на нивоата на шеќер во крвта, особено кај пациенти кои имале потешка клиничка слика на болеста. Но, кај многумина се покажало како привремена состојба, односно додека организмот повторно да го воспостави балансот од пред заразувањето.

Овие наводи се објавени во списанието „Journal of Diabetes and Its Complications“, а исто така се нагласува и дека после една година, речиси кај сите испитаници нивоата на шеќер во крвта се вратиле во граници на нормалата.

Со тоа, може да се донесе заклучок дека ковид-19 може да го намали инсулинот во телото, но тоа не е трајно нарушување. Сепак, мора да се третира таа состојба, за да се нормализира работата на панкреасот што побрзо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.