Срцевите заболувања вклучуваат акутна ревматска треска, хронични ревматски болести на срцето, хипертензивни заболувања, исхемична (коронарна) срцева болест, пулмонална срцева болест и болести на пулмоналната циркулација, цереброваскуларни заболувања, болести на артериите, артериоли и капилари, како и болести на вените, лимфните садови и лимфните јазли.

Болестите на срцето и крвните садови се водечка причина за смрт во светот, а се очекува до 2030 година овој број на смртни случаи да се зголеми од сегашните 17,5 милиони на 23 милиони.

Во Европа годишно умираат околу 4 милиони луѓе од кардиоваскуларни болести или 45% од сите смртни случаи.

Болестите на срцето и крвните садови претставуваат голема, хетерогена група на заболувања и се на прво место како причини за смрт во генералната популација во Македонија.

Во една студија објавена во јуни 2024 година, истражувачите открија дека опсегот на крвниот притисок од 120 до 139 е идеален. До овој заклучок дошле проучувајќи 68.000 луѓе постари од 65 години со хипертензија.

„Тие го разгледаа средниот систолен крвен притисок на учесниците и открија дека оние со опсег од 120 до 139 mmHg имале помали стапки на срцев удар, срцева слабост, мозочен удар и смрт“, објасни кардиологот Мери Бранч за Парад.

Бидејќи студијата е спроведена меѓу возрасни Корејци, важно е да се има на ум дека високиот крвен притисок има многу етиологии, вклучувајќи генетика, исхрана, стрес и фактори на животната средина. Според една студија спроведена во САД во 2015 година, оптималниот крвен притисок е помеѓу 120 и 140.

„Пациентите со хипертензија треба да разговараат со својот лекар за соодветна цел на крвен притисок за нив“, советува кардиологот Валас Р. Џонсон.

Повеќето срцеви заболувања може да се спречат со избегнување на факторите на ризик како што се пушењето, лошата исхрана и недоволната физичка активност.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.