Не по желба на пациентот, туку рецепт за диазепам ќе има само за оние кои навистина имаат потреба од тој лек. Здравствените власти велат со построги закони можат евентуално да ја контролираат епидемиската употреба и злоупотреба на апчињата за смирување што според податоците од ФЗОМ ги пие секој полнолетен во државата.
Се издаваат во преголема бројка, треба да се направи систем но и самите матични нормално да пропишуваат рецепти. Ние она што можеме е да направиме построга регулатива на издавање. Секо, има реално лица на кој им треба овој лек, но не по желба на пациентот – вели заменик министерот за здравство, д-р Владимир Рендевски.
Според ФЗОМ, само лани официјално биле издадени над 1.380 000 рецепти а во оваа бројка не се и диазепамите купени на приватно. Најголем пораст има во пандемиските 2020 и 2021 година. Од Мој Термин, пак, велат дека во мај биле реализирани над 107.000 а во април 111.548 рецепти од овој лек или од аптеките се изнесуваат околу 4.000 кутии диазепам дневно.
Освен седативи и антидепресиви, најголема побарувачка и потрошувачка има за лекот за регулирање на крвниот притисок. А, нередовното пиење на терапијата и занемарување на состојбата е една од најчестите причини за мозочен удар.
Дури 80 проценти од пациентите со мозочен удар третирани кај нас имале нерегулиран крвен притисок – вели Рендевски.
Д-р Рендевски кој е неврохирург присуствуваше на тематскиот состанок одржан од здружението на неврохирурзи за новините во нивната област кои се во интерес и на пациентите и на лекарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.