Четвртата доза вакцина против Ковид-19 што ја примиле лица над 60 години во Израел ги направи три пати поотпорни на сериозно заболување од трипати вакцинираните лица од иста возрасна група, објави вечерва израелското Министерство за здравство.
Израел овој месец почна со давање на четвртата доза од вакцината на Фајзер/Бионтек на луѓето постари од 60 години.
Кај луѓето кои ја примиле четвртата доза, антителата биле со уште повисоко ниво од оние со примена „бустер“ доза, но според истражувачите, тоа „веројатно“ не е доволно тие да бидат целосно заштитени од заразување со високопреносливиот сој омикрон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.