Кога коронавирусот ќе го нападне вашиот организам, најдобро е на овој начин да ја вратите вашата сила.

Во текот на закрепнувањето од коронавирусот, најважно е да ги слушате советите од вашите доктори, а доколку боледувате дома, потребно е што повеќе да одморате и да спиете, како и да ја приспособите исхраната за симптомите што побрзо да завршат.

Болката во грлото мачи многумина кои се инфицирани со коронавирусот, особено со омикрон сојот.

Редовното пиење чаеви и други топли напитоци може, во одредена мера, да ги олесни тие тегоби. Хидрирањето е исклучително значајно за оние кои имаат дијареја, како и болка во мускулите или висока телесна температура.

Мачнини, затнат нос и нагон на повраќање, можат да се ублажат со поголемо внесување на течности во телото. Треба постојано да пиете чај, вода, сокови, вода со лимон или мед.

Болните исто така треба да јадат полесна храна и поедноставни јадења. Вообичаено заболените од Ковид-19 немаат апетит, а некои од нив не се во состојба да станат и да јадат.

Поради тоа одлично решение се супите и чорбите кои можете да ги сервирате дури и во голема шолја. Се препорачува и пиење млеко и јогурт, но и кефир. Потребно е да јадете печено пилешко месо, јајца, без многу зачини за да не предизвикате мачнини.

Пациентите не смеат да гладуваат. Во деновите кога ви е многу лошо, може да јадете само тост и чај, но штом ќе се почувствувате подобро треба да ги внесувате потребните хранливи состојки.

Покрај месото, јајцата и млечните производи, треба да консумирате и намирници богати со протеини, како грав и леќа.

Природни извори на витамини кои се препорачуваат се рибата и печурките поради витаминот Д, цитрусите и киселата зелка поради витамин Ц, како и пробиотските својства кои ги имаат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.