Во Германија, лицата постари од 60 години можат да се вакцинираат против коронавирусот по четврти пат. Сепак, вирологот од Есен, Улф Дитмер, предупредува дека пречестите вакцини може да го променат имунолошкиот систем и да му наштетат.

Вирологот Дитмер советува луѓето да не се вакцинираат на секои три месеци за да се избегнат барањата за маска или тест.

Ако толку често ги повторувате вакцините, може да дојде до промени во имунолошкиот систем – предупреди вирологот.

Тоа го покажаа и првите податоци. Мислам дека има смисла да се продолжи вакцинацијата и за следната зима, но не на секои три месеци, рече Дитмер.

За понатамошни вакцини против корона, тој препорача пациентите да почекаат додека не бидат достапни вакцините на BioNTech и Moderna прилагодени на варијантата омикрон.

Тоа се бивалентни вакцини, тие ја содржат старата вакцина и адаптираната варијанта и предизвикуваат широк имунолошки одговор на сите претходни варијанти. Така, јас би почекал до септември или октомври тие вакцини да се најдат на пазарот и потоа би се вакцинирал за зимската сезона, порача вирологот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.