Една од омилените напивки што е неизоставен дел од утринскиот ритуал е кафето. Поради основната состојка што ја содржи кафето, односно кофеинот и неговото силно дејство, често е предмет на истражувања.

Мислењата се генерално поделени. Додека едни сметаат дека го уништува организмот, други веруваат дека може да биде корисно, доколку се консумира на одреден начин. Меѓутоа, она што е неоспорно е дека треба да се има мерка.

Авторката на бестселерот „Како да го поправите гладот“, доктор Памела Пик исто така се позанимавала со оваа тема. Имено, иако по 50-тата година функциите на организмот се забавуваат, таа верува дека може да се подобри тоа со помош на одредена исхрана.

Според неа, еве кој зачин би требало да го додавате во кафето, а еве кој значително го зајакнува имунитетот ако го додадете во солени јадења.

„Куркумата го зајакнува имунитетот и ги намалува воспалителните процеси во зглобовите“, рекла таа.

Куркумата има и превентивно дејство за многу болести и им се советува на сите што би сакале да ги одржат своите когнитивни функции во добра состојба.

„Циметот има противвоспалително и антимикробијално дејство. Го одржува нивото на шеќер во крвта, бидејќи го забавува празнењето на желудникот по внесувањето храна. На тој начин, спречува шеќерот нагло да скокне или опадне, и ја подобрува осетливоста на организмот на инсулинот“, рекла таа и посоветувала да додавате цимет во кафето, додека куркумата треба да се додава во солените јадења или да се консумира во форма на чај.

Само еден грам цимет дневно го намалува шеќерот во крвта, триглицеридите, лошиот холестерол и други лоши параметри кај луѓето што имаат дијабетес тип 2.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.