Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ) повторно алармира дека се појавува недостиг од „оземпик“ и „рибелсус“, терапија која им е потребна за регулирање на шеќерот во крвта. Тие поставиле прашање до Министерството за здравство, но не се задоволни од одговорот и бараат оттаму транспарентно да делувааат и навремено да имаат информации за тековниот период.

За жал, повторно ни се случува недостиг на инсулин, за кој поставивме прашање до Министерството за здравство, од каде добивме официјален одговор дека заради реевидирање на количините на „ризодог“ согласно количините предвидени во реалзиација на тековниот тендер, се делат само останати количини по бројка, за сите други пациенти треба да се консултираат со своите специјалти – еднокринолози/дијабетолози и заеднички направат вистинки избор за замена на инсулинска терапија, велат од Сојузот.

Од СЗДМ ја известуваат јавноста дека се појавува недостиг на терапија „оземпик“ и „рибелсус“.

Побаравме информација од Министерството за здравство со чиј одговор, но, според нас, одговорот не е реален и продолживме со консултација со компаниите. Нашите информации говорат дека има терапија, за сите постојни пациенти до потпишувањето на договоорот за набвака и планираните дополнителни количини, но за жал не сите и секој ја добиваме континуирано и навремено, велат од Сојузот.

Според СЗДМ моменталната состојба само ги потврдува нивните долгогодишни барања за промени во моделот на достапност на терпија и помагала со отворен пазар и воведување на референтни цени.

Ние, сакаме да сериозно го подигнеме квалитетот на животот на лицата со дијабетес, со конкретни мерки и активности од државата. Затоа апелирале на сериозност на Министерството за здравство и транспаретно да се делува и навремено да имаме информации во тековниот период, велат од СЗДМ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.