Расте бројот на заразени од омикрон сојот во земјава. Д-р Злате Мехмедовиќ во гостување на ТВ Телма посочи дека веќе е предоцна да се размислува за некакви рестриктивни мерки, тоа требало да се направи пред да пристигне омикрон во државата и предвидува дека бројките понатаму ќе растат.
Хоспитализациите се зголемени за 41% во однос на претходната недела, а ние сме во првата недела од новиот бран кој се очекува да трае и во наредните 6 до 8 недели. Иако станува збор за варијанта со поблаги симптоми, нашите здравствени капацитети не се неограничени, туку станува збор за максимум 1000 кревети во болничкиот систем со ковид центрите, а тоа може да биде проблем, изјави Мехмедовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.