Доктор Ненад Лазаров, преку објава на својот фејсбук профил, предупредува дека ова не е крајот на ковид-пандемијата.

Данска ги симнува сите антиковид мерки во сред пик на смртни случаи. Ова лудило кое ги зафаќа и други политичари има име: пандемиска делузија. Сите сакаме да заврши, но ова не е крајот!, предупредува тој.

Д-р Лазаров тврди дека со совесно почитување на мерки, соодветни маски во затворен простор, соодветна вентилација на училиштата, регулиран јавен превоз и слично може да се надмине и ова, но не и, како што вели со „бустање до бесвест“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.