Професор д-р Светозар Антовиќ, дигестивен хирург одговарајќи на прашање на Сител ТВ колку се мотивирани тимовите за трансплантација вели:

– Засега сме четворица доктори кои сме обучени за трансплантација, работиме заедно како тим. На последната трансплантација вклучивме двајца помлади колеги. Она што е наша цел е за кратко време имаме два независни тима, кои може да направат и експлантација и трансплантација. Ентузијазмот има свои граници. Трансплантационите програми не само кај нас, туку секаде се мачни програми. И третата трансплантација се изведуваше навечер, не викнаа во 11 ч, трансплантиравме во 4 часот по полноќ и кога ќе видите дека во салата имате 30 луѓе персонал (перфузионисти, 4 инструментарки, гастроентеролози, 4 анестесиолози, 4 хирурзи) кои во ниедно време стануваат, оставаат фамилии, особено зборам за сестрите, мислам дека на тој ентузијазам секогаш му доаѓа крај и мора да водиме сметка како ќе се мотивираат овие тимови.

Во светот тоа е на некој начин платено, но најмалку што сакаме е да зборуваме е за пари. Докторите својата сатисфакција ја добиваат и на друг начин, еве преку емисии или некоја популаризација, меѓутоа другиот персонал ни тоа задоволство го нема. Затоа овој систем мора да го ставиме на здрави нозе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.