Најдолгата инфекција со новиот коронавирус кај едно лице, пред да почине од последиците на ковид-19, траела 505 дена, објавија денеска британските научници.

Претходно еден пациент бил позитивен на САРС-КоВ-2 цели 335 дена.

Пациентот кој бил позитивен 505 дена во континуитет имал многу ослабен имунолошки систем и повеќе коморбидитети.

Првиот позитивен тест го имал на почетокот на 2020 година, а потоа пациентот бил позитивен при сите останати тестирања, се до смртта во 2021 година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.