Раководителoт на Одделот за срцева слабост и помошник директор на Клиниката за кардиологија КЦС во Белград, проф. д-р Арсен Ристиќ, објаснува кои се сигналите кои телото ви ги праќа како аларм дека нешто не е во ред по прележувањето на ковид-19.

Според неговите податоци, Д-р Ристиќ предупредува дека 20 до 50 отсто од пациентите кои имале ковид потоа ќе се соочат и воспаление на срцевиот мускул, а симптомите кои се знак дека има прблем се зголемен замор, гушење, слаба толеранција на напор и стрес, отоци на нозете или неможност да се лежи на рамна површина без дишењето да се компромитира. Овие компикации може да доведат и до срцев удар, предупредува тој.

Посебно сме загрижени и посветуваме посебно внимание на компликациите кои ги предизвикува ковидот, како згрутчување на крвта во белодробната циркулација, за белодробна емболија, по што може да дојде до пулмонална хипертензија, посочи Ристиќ во утринската програма на Н1.

Според него, тежината на компликациите зависи од варијантата на вирусот која што сте ја прележале – омикрон дава малку поблаги кардиоваскуларни проблеми, а малку поретко предизвикува и пневмонија. Но, вакцинацијата е гаранција дека нема да има компликации, потенцира тој.

Комбинацијата на пневмонија со миокардитис е особено ризична за пациентите. Кога сте вакцинирани, ризикот од развој на воспаление на срцевиот мускул кај ковид е само 11 на сто илјади пациенти, покажаа статистиките од Израел, рече Арсиќ.

На прашањето кои се симптомите за кои треба итно да посетиме лекар, Арсиќ вели дека пациентите кои веќе имаат срцева слабост треба да пријават кога е намалена толеранцијата на напор, болка во градите, замор, отекување на нозете, а особено ако качат повеќе од три килограми во рок од една недела.

Ги советуваме нашите пациенти редовно да се мерат еднаш неделно, да го проверуваат притисокот и пулсот секој втор или трет ден. Било какви нагли промени, особено губење на свеста, се аларм дека треба да се се прегледате, вели докторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.