По успешното, минатогодишно, прво издание на фестивалот “Taste The South- ВКУСИ ГО ЈУГОТ” фестивалот во Гевгелија го најавува своето второ издание.

Овој пат локацијата е на паркингот на новиот пазар Сава Михајлов, а датите на оддржување се 13-ти, 14-ти и 15-ти Септември.

Вкусна домашна храна, пијалоци и специјалитети од југот на Македонија ќе бидат достапни за дегустирање низ богатата културно-уметничка програма, за која ќе ве информираме во деновите што следат.

На сцената на фестивалот оваа година покрај бројните културно уметнички друштва и музичари од локалната сцена и регионот, ќе ги видиме и слушаме : – Викторија Лоба, Наум Петровски, Влатко Стефановски Трио, Пајак и Лара Иванова, Дац и Александар, Зијан, ХИТС ТРИО, Паркети, Фиц енд Д Инвизиблс (СТУДЕНИ Нозе), а за хуморот со свој стенд ап ќе настапи познатиот гевгелиски комичар – Дејан Малзарков Диверзија.

Не се изоставени ниту најмладите за кои повторно ќе има богата детска програма со детскиот фестивал КАЛИНКА.

Гевгелија се вклучува на мапата на фестивалски градови во Македонија, а фестивалот “Taste The South – ВКУСИ ГО ЈУГОТ” во Гевгелија еден препознатлив бренд на градот со голема перспектива да стане традиционален и регионален.

Очекувајте добра забава и повелете во Гевгелија да го вкусите и доживеете југот.

Подолу можете да ја видите целокупната програма на фестивалот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.