Сите заинтересирани кандидати за полагање курс за спасители на затворени води до утре можат да се пријават за стекнување со сертификат од националниот курс во организација на Црвен крст на град Скопје – Центар. Курсот ќе започне утре на градскиот базен во Крива Паланка, во соработка со ватерполо клубот „Крива Река“, концесионер на базенот.
-Црвениот крст на град Скопје – Центар за безбедност на вода согласно своите програмски активности стартува со организирање курс за спасители на затворени води. Курсот ќе започне утре, во Крива Паланка. Теоретскиот и практичниот дел на курсот ќе се спроведат во Крива Паланка на градскиот базен, а заинтересираните кандидати задолжително треба да поседуваат лекарска потврда за здравствена состојба, потврда од матичен лекар или потврда од спортска медицина, велат организаторите.
Пријавувањето на кандидатите, посочуваат, се врши исклучиво по електронски пат на адресата skopje.katastrofi@redcross.org.mk, а сите што ќе го поминат успешно курсот ќе се стекнат со интернационален сертификат. Пријавувањето ќе се врши сѐ до пред почетокот на курсот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.