Црквите во Балканскиот Ерусалим полни со верници, не само од земјава туку и странство.
Уште од утрото се слеваат во охридските храмови, на најтажниот ден во христијанството – Велики петок, денот кога Исус Христос бил распнат и умрел на крстот.
Луѓето се поклонуваат и поминуваат под плаштеницата која го симболизира христовиот гроб, оставаат црвени јајца и дарови на распетието, се молат и палат свеќи за здравје.
Граѓаните во очекување на големиот веерски празник присуствуваат на литургии и ги прават последните подготовки за свечената семејна трпеза.
Во православните цркви на Велики петок не се служат литургии, туку царски часови со читање делови од евангелијата поврзани со настаните на деновите на страдањето.
Храмовите ќе бидат посетени и во текот на утрешниот ден кога на полноќ ќе биде објавена радосната вест за Воскресението Христово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.