Легендата Renault 4 се враќа, иако во концептуално издание, но со ветување дека во иднина пазарот ќе добие уште еден ретро автомобил.
Целосно име Renault 4EVER Trophy, е концептот со кој француската марка настапува во Париз со својот предлог за електричен SUV модел од т.н. Б сегмент. Тоа е и повод да се одбележи четвртина век, не на моделот туку, на хуманитарниот митинг 4L Trophy.
Во дизајнот, лесно е да се најде врска со познатиот модел. Ги нема многу, но лесно се гледаат. Покрај препознатливата предна маска, тука се и речиси „комбе“ силуетата и задното странично стакло, што е еден од најпрепознатливите детали на R4.
Од страна, за жал, нема пластика позната од GTL изданието, но рабовите на калниците и праговите се заштитени заедно со црни месести панели. Одзади само обликот на LED светлата наликува на оригиналот, а недостига препознатливата рачка за отворање на задната врата.
Концептот е претставен во двобојна сиво-црна комбинација, чија монотонија ја разбиваат виолетовите детали. Добар додаток се карбонските багажници на покривот и дополнителниот носач за лопати на местото на задното стакло.
Гумите се теренски, со пречник од 19 инчи, а вградените компресори овозможуваат лесно менување на притисокот во гумите по желба на сопственикот. Опремен со off-road суспензија, подот е поставен на 200 mm од подлогата, така што новиот R4 е подготвен да излезе од асфалтот.
Во Renault конечно разјаснуваат што практично значат R5 и R4. Тие се електричните еквиваленти за стандардните модели, R5 за Clio и R4 за Captur. Во исто време, 4EVER со 4.160 mm е дури 68 mm пократок од Captur, но и значително поширок (1.950 mm) и повисок (1.900 mm).
Новиот SUV модел ќе ја користи платформата CMF-BEV, која ќе се произведува во капацитетите на ElectriCity во северна Франција. Кога станува збор за самиот погон, сè е непознато, дури и за концептот. Познато е само дека батериите се наоѓаат во подот и дополнително се заштитени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.