Сите нови модели лансирани по 6-ти јуни 2022-ра година ќе мора да ги почитуваат новите регулативи, а од 2024-та година и моделите кои се продаваат од претходно ќе мора да прилагодени со новите прописи за да можат и натаму да се продаваат, пишува “Nacionalnaklasa.com”.
Еден од моделите кои нема да ги преживеат новите прописи е “Toyota GR86”. Вградувањето на камери за интелигентна асистенција за брзина на возилата и системот за одржување на возење внатре во сообраќајната патека не можат лесно да се вградат во архитектурата на овој модел, која е преземена од GT86, модел дизајниран пред повеќе од 10 години.
“Toyota” соопштила дека би морала да го крене кровот и да ја помести шофершајбната за да ја сместат камерата. Јапонската компанија затоа објавила кратење на продажбата на овој модел во Европа по само две години од премиерата.
Европската унија ги усвоила новите регулативи со цел да го преполови бројот на смртни случаи на патиштата до 2020-та година и да се доближи до нулта вредност до 2050-та година.
Автомобилската индустрија тврди дека безбедноста на патиштата и е приоритет, но истовремено е загрижена поради ригидноста на прописите на одредени класи на автомобили и неподготвеноста на ЕУ да ја прилагоди временската рамка и безбедносните закони со производните циклуси на автомобилските модели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.