Компанијата „МагниЕкс“ изврши тестирање на прототип на хибриден авион што ќе се користи во програмата на НАСА за развој на авијација со хибриден или целосен електричен погон, обавија од Американската вселенска агенција.
Презентацијата на авионот се одржала на аеродромската писта на „Боинг“ во сојузната држава Вашингтон со авионот со турбо мотор „Даш 7“ (познат и како канадски DHC-7). Оваа верзија на „Даш 7“ е дел од програмата Демонстрација на лет на електрифициран погонски систем (Electrified Powertrain Flight Demonstration – EPFD) на НАСА.
Станува збор за проект во кој учествуваат и претставници на индустријата, а со цел создавање на авиони со електричен погон и воведување на хибридни транспортни средства во комерцијалната авијација до средината на 2030-тите години. Авторите на иницијативата се надеваат дека развојот на авијацијата што не користи традиционални видови авионско гориво, ќе помогне да се намалат издувните стакленички гасови што влијаат на климата.
„МагниЕкс“, чие седиште е во сојузната држава Вашингтон, планира да го модифицира авионот „Даш 7“ со инсталирање на хибриден енергетски систем. Додека компанијата спроведува копнени и воздушни тестирања, НАСА планира да ги искористи податоците од овие тестови за да разбере кои проблеми можат да се појават кај електричните авиони и како тие можат да се минимизираат.
Резултатите од овие тестови може да бидат користени за развој на понатамошни правила и услови за сертификација врз кои ќе треба да се придржуваат производителите на електрични авиони при влез на пазарот на авиопревозници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.