Телефоните на Епл се прилично отпорни. Сепак, многумина од нас не ризикуваат и ги чуваат во заштитни маски бидејќи сепак многу лесно можат да се изгребат, набијат или оштетат на некој друг начин.

Сепак, тоа би можело да се промени во наредните години. Како што објави „Криејтив блок“, Епл штотуку доби патент за нов тип на суперотпорна футрола за ајфон, која може да се најде на идните генерации на ајфон уреди.

Патентот, наречен „Спејшл Композитс“, дава детали за задниот стаклен панел составен од елементи „отпорни на триење“ кои навидум подобро би го заштитиле вашиот ајфон од гребнатини.

Според „Криејтив блок“, патентот ги објаснува недостатоците на сегашните решенија за спречување на абразија на мобилните уреди. Материјалите од металните куќишта, на пример, можат да бидат силни, но создаваат непожелна електромагнетна заштита, додека пластиката е помалку отпорна на гребнатини или триење.

Значи, се чини дека Епл работи на нов материјал за ајфон кој може да се пофали со супериорна отпорност на гребење, иако многу компании поднесуваат патенти само за да ги спречат конкурентите да користат идеја што навистина немаат намера да ја користат.

Но, со оглед на тоа што Епл нема да може многу подолго да ги промовира подобрените перформанси и подобрите камери како клучни точки за продажба на новите модели на ајфон, компанијата наскоро може да биде принудена да понуди издржливост како клучна карактеристика на идните модели.

Споменатиот материјал отпорен на триење, кој е во развој, би можел да се покаже како клучен во оваа стратегија на компанијата Епл.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.