Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, во североисточните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен и северозападен правец.

Минималната температура, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје умерено oблачно и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 16 степени.

До четврток времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура. Во петок под влијание на атмосферски фронт на повеќе места се очекуваат поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.