Денес, како и во следните денови и понатаму ќе продолжи периодот на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет, прогнозира Славчо Попоски.
Што се однесува до температурите, тие и тоа поради влијанието на екстермно топлата воздушна маса од Африка ќе бележат тенденција на голем пораст, и тоа особено од утре па за време на викендот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени.
УВ – индексот и понатаму ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности. Во Скопје и околината ќе продолжи периодот на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена окална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
Температурите во следните денови ќе бележат тенденција на голем пораст и особено од утре, па за време на викендот истите ќе се приближат дури до околу 40 степени.
Поради екстремно високите температури, но и големата суша која ќе ја зафати Македонија во следниот период, се препорачува да се внимава во природа и да се избегнува движење по шуми, со цел да не дојде до појава на шумски пожари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.