Возот кој попладнево во 16:55 часот тргна од Гевгелија и кој во Велес по возен ред пристигнува околу 18:50 часот, вечерва каснеше цели два часа и пристига дури во 21 часот. Како што информираа од Железничката станица во Велес причината за доцнењето било проширување на шините на железничката пруга како последица од високите температури на железничката станица Клисура.
Поради доцнењето на возот голем број на патници на станиците во Градско и Велес револтирани реагираа до МЖ транспорт поради долгото чекање на возот.
Тие информираат за МИА дека неделава овој воз Гевгелија –Скопје скоро секој ден доцни по 60-тина минути., а најмалку по 30-тина.
Вечерва во Велес 60 минути каснеше и попладневниот воз кој од Битола оди за Скопје преку Велес, кој од станицата во Битола поаѓа во 18:24 часот. Во Велес наместо во 21 часот пристигна во 22 часот.
Револтираните патници кои редовно патуваат со возовите се жалат до Македонски железници транспорт бидејќи скоро секој ден возовите каснат најмалку пола до еден час, па дури и по неколку часа, поради што не можат навреме да стигнат на работа, на закажано на лекар и по други потреби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.