Поради одржување на ревијална трка „Вози право, вози здраво“, утре во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај.
Трката ќе се одржи од 18 до 20 часот, со старт од Порта Македонија, десно долж улицата „Димитрие Чуповски“, десно по улицата „Даме Груев“, право по булеварот „ВМРО“ до крстосница со булеварот „Илинден“, лево по булеварот „Илинден“ до крстосница со улицата „Наум Наумовски Борче“ – Градски парк кај споменикот на Гоце Делчев.
Како што информираат од МВР, од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.