Времето денеска во претпладневните часови ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура е во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде облачно со повремен дожд и со умерен до засилен ветер од северен правец Минималната температура се спушти до 15, а максималната ќе достигне 24 степени Целзиусови.

Од утре ќе настапи стабилизација со сончево и значително потопло време, освен во среда кога се очекува локален развој на нестабилна облачност со услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.