Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива тековно и непречено во зимски услови по влажни коловози.
Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта информираат дека во 06:30 часот е укината забраната за тешки товарни возила за патниот правец Гостивар-Стража-Кичево, а во 08:00 часот и забраната за тешки товарни возила за патниот правец Крива Паланка – ГП Деве Баир, соопшти утрово директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта велат дека дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, Воедно апелираат до возачите на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.