Од УХМР известуваат дека нестабилната маса од Полошкиот регион се приближува кон западниот и северозападниот дел од Скопје. Од појави моментално има силен ветер, а се очекува наскоро и пороен дожд и грмежи.
Се препорачува граѓаните да не бараат засолниште од дождот под осамени дрвја.
Инаку, од УХМР известуваат дека Полошкиот регион е зафатен од нестабилна воздушна маса проследена со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на дожд и град („суградица“). Исто така, од Радарски центар „Ѓуриште“ телефонски известија во ЦУК дека иста е состојбата и во Гостиварско и во Кумановско, како и дека нестабилната облачна маса се движи кон Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.