По повод одбележувањето на 2 април, Меѓународниот ден на лицата со аутизам, вечерва во 20 часот Спомен костурницата од НОВ во Велес ќе свети во сина боја којашто е заштитен знак на аутизмот.
Покрај тоа, во исто време во Јуроп хаус во центарот на Велес ќе биде прикажана и проекција на анимации со презентација на супер хероите представени во знакот на аутизмот и ќе бидат видливи за сите минувачи од градот.
Организатори на насанот се Здружението на граѓани „ПОПО“ и Јуроп хаус Велес.
Тие потеницираат дека овие настани ги организираат со цел да им сигнализираат на останатите граѓани за поддршка и соработка со лицата со аутизам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.