Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала облачност и со умерен југоисточен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени. За утре, синоптичарите најавуваат нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално можно е невреме, особено попладне. Пороен дожд и грмежи ќе има и во понеделник, а потоа времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб локален дожд.

Дневната температура ќе опадне за шест до осум степени



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.