Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.

Од утре до сабота ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до повремено засилен јужен ветер. Промена на времето со повремени врнежи од дожд се очекува в недела и понеделник, кога ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.